Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 225 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица. Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 6.395.