Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 34 починати лица, најмладиот пациент имал 42 години. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.