Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска соопшти дека нови 306 работодавачи ја злоупотребиле финансиската помош од државата за исплата на плати во услови на пандемија, односно не им исплатиле декемвриска плата на вкупно 992 работници.

„За декември 2020 година поднесени се 13.721 барање на 13.160 работодавачи им се исплатени вкупно 961.709.366 денари за вкупно 60.974 вработени лица. Со состојба од февруари 2021. година, 306 работодавачи кои примиле финансиска поддршка во износ од 16.05.020 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата на 992 вработени лица“, рече Лукаревска.

– Advertisement –

Прикажи повеќе