Во последните 24 часа, регистрирани се 276 нови позитивни случаи на САРС КоВ-2од направени 2.720 тестирања, пријавени се вкупно 10 починати лица, пет во изминатото деноноќие и пет преку системот „Миј Термин“ и 249 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови | Заболени (вкупно) | Активни случаи (вкупно) |
Скопје | 95051 | 2839 |
Куманово | 12942 | 216 |
Тетово | 11344 | 115 |
Прилеп | 10311 | 329 |
Битола | 8815 | 552 |
Гостивар | 8067 | 17 |
Велес | 7340 | 194 |
Кавадарци | 7040 | 238 |
Штип | 6611 | 122 |
Охрид | 6521 | 236 |
Струмица | 6135 | 120 |
Кичево | 4227 | 36 |
Кочани | 4017 | 122 |
Струга | 3909 | 46 |
Гевгелија | 2810 | 85 |
Неготино | 2572 | 48 |
Свети Николе | 2126 | 51 |
Крива Паланка | 1906 | 95 |
Ресен | 1755 | 61 |
Радовиш | 1742 | 59 |
Берово | 1460 | 78 |
Дебар | 1456 | 2 |
Делчево | 1415 | 111 |
Виница | 1161 | 24 |
Пробиштип | 1127 | 29 |
Валандово | 948 | 46 |
Кратово | 776 | 41 |
Богданци | 647 | 26 |
Демир Хисар | 618 | 56 |
Крушево | 593 | 33 |
Македонски Брод | 498 | 10 |
Демир Капија | 425 | 5 |
Македонска Каменица | 418 | 30 |
Пехчево | 352 | 9 |
Дојран | 166 | 5 |
Вкупно | 217301 | 6086 |