Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4 133 тестирања, а регистрирани се 24 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 6, Тетово – 5, Куманово – 3, Прилеп и Кичево – по 2, Битола, Охрид, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.
Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Тетово и Струмица – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 4133 тестови преку: ИЈЗ-59, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–20, ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-151, Биотек-119, Систина-59, лабораторија Лаор-516, Синлаб-5, Ремедика-9, Плодност–32, Генеа–12, Никоб лаб-732, ВФВ Медикал-20, Ели Медика-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2101.
Досега во земјата се направени вкупно 953 144 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156 078 бројката на оздравени пациенти е 150 276, на починати е 5489, а бројот на активни случаи изнесува 310.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.