Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.424 тестови, а регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Скопје. Регистрирани сe 86 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 672.