Вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот.
Но, сепак музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Тие сметаат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи, пренесува Сител.
-Свадбата секако ќе има музика, дали ќе пуштат на радио или ќе викнат музичари на црно, секако ќе има музика. Подобро да биде регуларно, одредено и контролирано отколку да е на црно. Свесни сме дека во рестораните не се играат ора, луѓето седат, но поубав е амбиентот кога веќе се полни рестораните, да си има музика на некоја одредена дистанца, велат музичарите.