Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не се опорави од непријатната повреда што ја заработи на Австралија опен.

Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Дубаи, кој ќе започне на 14 март, и многу е можно да не игра на Мастерсот во Мајами.

Како што стојат работите сега, српскиот тенисер ќе се врати на терените на 11 април кога стартува Мастерсот во Монте Карло.

Ѓоковиќ следниот понеделник ќе стане играч со најмногу недели на врвот на АТП-листата – по 311. пат, тој ќе ја започне неделата како прв тенисер во светот.

Освен него, на Мастерсот во Мајами ќе недостасува и Роџер Федерер, иако беше најавен настапот на Швајцарецот.