Бојан Маричиќ ќе биде нов вицепремиер за евроинтеграции, потврдува за ТВ 24 висок владин функционер. Освен Маричиќ најверојатно нов вицепремиер ќе има и за борба против корупција, додека Фатмир Битиќи останува потпретседател за економски прашања.
Ротацијата на Маричиќ е само една од промените на ресори за кои според истиот функционер ја планира идниот мандатар Димитар Ковачевски. Во можните ротации се споменува и Љупчо Николовски за во одбрана, иако тоа се уште виси.
Нови имиња кои се очекуваат во извршната власт на кои инсистира да превземат поголема одговорност Ковачевски е заменичката претседателка во СДСМ Сања Лукаревска. Извесно е и дека пратеничката фотелја ќе ја напушти и Славјанка Петровска, која изигра една од клучните улоги за СДСМ во техничката Влада лани, како дополнителен министер во МВР.
Сепак се уште не е пресечено дали таа ќе оди во некои од министерствата или ќе добие една од директорските функции во безбедносните агенции. Доколку станува министерка во игра се неколку ресори, меѓу кои и правда, како и МВР, во случај Ковачевски да пресече дека Оливер Спасовски освен од партиската функција треба да си замине и од министерската, особено по поразот на неговиот фаворит во КУманово.
Сепак според партксики извори во СДСМ за ова Ковачевски се уште не пресекол. Во транспорт и врски се споменува Петре Шилегов, додека првиот избор на Ковачевски за нов човек во образование ја одбил понудата. Актуелната министерка па Мила Царовска откако пред извесно време тв 24 објави дека Ковачевски не смета на неа ниту во владата ниту во раководтсвото во СДСМ, денеска самата, како што коментираат од партиски функционер за да ја пресретне смената мнајави повлекување.
Тв 24 веќе објави дека нови министри ќе има и во правда, со ротацијата на Маричиќ , култура, а се позивесно е дека од минситерската фотелја ќе се збогува и Јагода Шахпаска. И додека Ковачевски го чекаат уште одлуки, коалициските места во ресорите со кои раководат кадрите на Али Ахмети и Африм Гаши се решение, нема намера да менува никого, освен рокадата на Јетон Шаќири во земјоделство, како и дел од рокадите во заменичките фотелји, поради влегувањето на Алтернатива. И денеска оттаму повторија дека на нивната агенда не се предвремени избори.
Од партијата на Африм Гаши пак јавно ги соопштија нивните фаворити Беким Сали ќе седне во фотелјата на Венко Филипче додека пак Адмирим Алити ќе биде нов министер за администрација и информатичко општество. Не се исклучуа Џемаили Чупи да биде единствен министер без ресор.
Бидејќи планот такви позици да има и за партиите на Турците, Ромите и НСДП најверојатно ќе пропадне. Чупи ќе биде задолежен за дијаспората. За разлика од владата се ечини на Ковачевски му е почиста ситуацијата на Бихаќа. Она што се очекува како изненадување е новиот ИО на СДСМ, во кој според информациите на тв 24 Ковачевски планира да врати и дел од поранешните високи функционери во СДСМ.
Тв 24 веќе објави дека Лукаревска останува заменичка, дека Маричиќ и Битиќи останувата во раководството, дека Перо Костадинов ќе биде нов потпретсеадтел. А дека новиот генерален секреатр Миле Зечевиќ ќе ја има клучната улога во изборот на новиот организациски секретар. Иако се најавуваше дека седницата ќе биде во среда, по премиерската оставка на Зоран Заев, најверојатно ќе има пролонгирање до недела, бидејќи новиот лидер на СДСМ се уште не пресекол за некои функции