Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови три смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 290 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 62.548 лица, од кои починале 1.526 заразени.

Изминатите 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 189 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 54.231.

Активни носители на вирусот во моментов, вклучително денешните податоци, се 6.791 лице.

Вчера се извршени 2.388, а вкупно досега 252.163 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Косовскиот министер за здраевство Арменд Земај минатата недела соопшти дека три од триесетте мостри испратени на испитување во Германија, резултирале позитивни на новата, таканаречена британска варијатна на коронвирусот.

Вакцинирањето на населеснието, според најавите, ќе започне во текот на месецов, кога се очекува да пристигнат првите 100 илјади дози.

Косовскиот премиер во оставка Авдулах Хоти минатиот месец информира дека владата, по различни канали, договорила набавка на околу два милиони вакцини.