Нови истражувања покажаа дека инсектите го сакаат канабисот, пчелите особено. Тие не гравитираат кон него од истата причина како и луѓето, на пчелите очигледно им се допаѓа неговиот полен.

Ова откритие е направедно од истражувачи од Универзитетот Корнел, кои откриле дека колку се повисоки растенијата канабис и колку поголема површина зафаќаат, толку повеќе пчели ќе бидат привлечени од нив.

Односно, пчелите имале 17 пати поголема веројатност да одат кон повисоките растение отколку на пониските.

unsplash

Во истражувањето се вели дека висината на стеблата канабис биле силно поврзани со богатството и изобилството на видовите пчели.

Поради својата временски уникатна цветна фенологија, конопот има потенцијал да обезбеди нутритивен извор за пчелите за време на периодот на недостаток на цвеќе и со тоа може да помогне во одржување на процесот на опрашување – важен за агроекосистемите“, велат истражувачите.

На пчелите навистина им се допаѓа поленот од растението канабис, но не очекувајте чудно однесување на пчелите, затоа што тие немаат рецептори за канабиноиди.

unsplash

Новите истражувања беа изненадување за многумина, бидејќи традиционално пчелите ги привлекуваат растенија со светла боја или сладок нектар, две работи кои што ги нема растението канабис.

Сепак, тоа што пчелите го сакаат ова растенија може да се покаже исклучително корисно за нивната популација. На многу растенија им требаат пестициди за да им помогнат да растат, нешто што учествува во намалувањето на бројот на пчели, но на растението канабис, наводно, не му е потребна помош од пестициди, што прави пчелите побезбедно да го извлечат поленот.

Ова работи во наша полза, бидејќи пчелите се одговорни за вкрсено опрашување на цвеќињата што го развиваат растот на овошјето и зеленчукот што нам луѓето ни треба за да преживееме.

unsplash

Имајќи го ова предвид, во студијата се наведува дека земјоделците треба да го земат предвид овој факт за пчелите и да ја земат предвид нивната привлечност при развивање на стратегии за управување со штетници.

Ова не е единствената добра вест поврзана со пчелите што се случи оваа година. Уште во јуни беше објавено дека пчелите многу подобро се снаоѓаат во споредба со претходната година.

unsplash

Помеѓу 1 октомври 2019 година до 1 април 2020 година, пчелите изгубиле само 22,2% од сите колонии во Америка, во споредба со претходната зима кога замреле рекордни 37,7% од колониите.