Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска претпладне регистрирала нова серија земјотреси во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Според опсерваториските податоци, епицентрите биле во соседна Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, мво Битола и околината најмногу бил почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходните неколку дена во подрачјето на Лерин имаше серија посилни земјотреси од кои настана материјална штета и во Битола и битолско. Во тек е постапка за утврдување и пријавување на тие штети, а државата и локалните властија најавија обештетување на граѓаните.