По две години подготовка Фејсбук соопшти дека од сега корисниците ќе може да разменуваат пораки меѓу Инстаграм и Месинџер.

Инстаграм и Месинџер од сега ќе се интегрираат и низ групен разговор.

На Месинџер ќе може да ги гледате своите Инстаграм контакти и преку Месинџер ќе може да се допишувате со тие контакти без да ја промените апликацијата.

Преку Месинџер ќе може да се поврзете со контактите од Инстаграм и да ги организирате и поврзете своите контакти во група за допишување. Во групата за допишување ќе може да се промени позадината, да се прават анкети, а сите корисници ќе видат кој пишува порака, како што е случај со двете апликации.

Новата опција Фејсбук ја пушти на 1 октомври и со ажурирање на апликациите ќе може да се користат новите функции.