Фудбалерот на Баерн Минхен и на полската репрезентација Роберт Левандовски е спортист на годината во Европа во традиционалниот избор на европските новински агенции.
Левандовски кој со Баерн Минхен триумфира во Лигата на шампионите, Бундеслигата, европскиот и германски Суперкуп како и во германскиот Куп, доби 180 бодови, четири повеќе од седумкратниот Формула 1 шампион Британецот Луис Хамилтон.
Арманд Дуплантис кој стана нов светски рекордер во скок со стап заврши на третото место во гласањето.
Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ и неговиот шпански колега, Рафаел Надал завршија на четвртото и петтото место.
Изборот традиционално од 1958 година го организира полската новинска агенција ПАП, а во гласањето учествуваат 26 европски новински агенции.
Роберт Левандовски (Полска/фудбал) 180 бодови
Луис Хамилтон (Велика Британија/формула 1) 176
Арманд Дуплантис (Шведска/атлетика) 169
Новак Ѓоковиќ (Србија/тенис) 85
Рафаел Надал (Шпанија/тенис) 72
Примож Роглич (Словенија/велосипедизам) 64
Тадек Погачар (Словенија/велосипедизам) 52
Јанис Антетокунмпо (Грција/кошарка) 42
Ига Свјатек (Полска/тенис) 32
Тереза Јохауг (Норвешка/нордиско скијање) 28