Нова снимка на социјалните мрежи се појави попладнево од вчерашниот затворен дел од 26. конгрес на СДСМ.
Владимир Митревски, делегат на Општинската организација на СДСМ во Центар, на вчерашниот конгрес на СДСМ го критикувал раководството на партијата поради разрешувањето на Стојко Пауновски.
„Нека извини пред хиерархијата, хиерархијата е, меѓутоа ако хиерархијата тера да правам нешто што четири години сум го зборувал дека сум против тоа. Имајќи во предвид дека вработените не мора да идат на работа, што сме направиле? Од шупље во празно. Ве молам таа грешка колку што може да се исправи, поради тоа што да кажеме едно образложение пред луѓето, пред граѓаните дека нема да ги менуваме тие што навистина работат по словото на закон. А човекот работеше по словото на законот бидејќи го познавам долги години уште како претседател на општинската во Тетово, каде што за време на изборите, активности имав и ги знам луѓето“, се слуша како вели Митревски.
Заев направи катастрофална грешка со тргањето на Стојко Пауновски
Еве што СДСМ мисли и говори во затворениот дел од конгресот. Сдсм врие.
Владимир Митревски делегат, ОК Центар- го разрешивте Стојко Пауновски зошто работеше според закон, тоа е катастрофална грешка#реформивоСДСМ pic.twitter.com/TfQsOzKI2s
— Реформи во СДСМ (@reformivosdsm) May 17, 2021