Манчестер Јунајтед и Ливерпул вечерва треба да одиграат големо англиско фудбалско дерби на „Олд Трафорд“.
Натпреварот што требаше да се игра на 2 мај беше одложен за вечерва поради големите немири и упадот на навивачите на Јунајтед на „Олд Трафорд“ поради протестот против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.
По немирите во Театарот на соништата, играта беше одложена, а пред вечерашниот дуел повторно имаше проблеми предизвикани од навивачите на „црвените ѓаволи“.
Could it happen again?
It’s happening… pic.twitter.com/XP0DHTNwck
— Red Issue (@RedIssue) May 13, 2021
Тие со автомобили го блокираа преминот на автобусот со играчи на Ливерпул на улица, а играчите на „црвените“ може да доцнат на натпреварот доколку не се реши проблемот.
Manchester United protestors are blocking the Liverpool team bus in cars so it cannot move. #MUFC [@RedIssue] pic.twitter.com/Olihva8NAl pic.twitter.com/HBAWBYrs6e
— EL_phenomenal 17 (@nanizuby17) May 13, 2021
Пред улиците на Манчестер има големо полициско присуство пред овој дуел. Тие се многу повнимателни од минатиот пат кога беа шокирани по упадот на навивачите на теренот.