Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес на Камчатка, на растојание од 196 километри од регионалниот главен град Петропавловск-Камчатски, соопшти огранокот на Геофизичката служба на Руската академија на науките (РАН) на Камчатка.

Како што е наведено, земјотресот е регистриран на длабочина од 59,8 километри, пренесува РИА Новости.

Директорката на подружницата на оваа служба во Камчатка, Данила Чебров, претходно за агенцијата РИА Новости изјави дека се очекуваат силни, но не и разорни потреси по силниот земјотрес што го погоди регионот на 30 јули.

Според регионалните служби за вонредни состојби, во последните 24 часа се регистрирани околу 146 последователни потреси со јачина помеѓу 3,2 и 6,2 степени, од кои многу се почувствувани, со јачина од 2 до 5 степени според Меркалиевата скала.

Во среда, на 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени.

По земјотресот, во делови од Русија и низ Тихиот Океан беше прогласена закана од цунами, а населението беше повикано да се држи подалеку од брегот во ризичните области.

Вечерта, предупредувањето беше укинато.

Текстот Нов земјотрес на Камчатка, регистриран афтершок со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала е превземен од МАКФАКС.