Нов Зеланд ќе ги продолжи рестриктивните мерки во главниот град Велингтон за уште два дена, откако властите денеска соопштија дека австралиски турист кој бил позитивен на ПЦР тест бил во градот минатиот викенд.
Велингтон сега е во второ ниво на тревога и ќе остане на тоа ниво до вторник.
„Јасно е дека се уште не излеговме од опасност. Потребни ни се повеќе тестирања и повеќе резултати за да се чувствуваме безбедни за да можеме да го ублажиме нивото на тревога“, изјави министерот задолжен за координација на борбата против ковид-19 Крис Хипкинс.