Нов Зеланд разгледува голем број мерки насочени кон забрана за пушење, вклучително и радикална иницијатива за забрана на продажба на тутун на цела генерација.
Со новиот национален план за акција, Нов Зеланд сака постепено да ги зголемува законските старосни граници за пушење, што може да се прошири до забрана за продажба на цигари и производи од тутун на сите родени по 2004 година, што би го направило пушењето нелегално за таа генерација.
– Advertisement –
Поддржувачите на иницијативата бараат значително намалување на нивото на никотин дозволено во тутунските производи и ограничување на локациите на кои тие можат да се продаваат. Владата, исто така, ќе пропише минимална цена на тутунот и цигарите. Целта на мерките е да се укине употребата на тутун во земјата, со што Нов Зеланд се претвори во „зона без чад“ до 2025 година.