Списокот на повредени играчи во Реал Мадрид е побогат со друго име.
Реал Мадрид го очекува уште еден натпревар на гости во шпанската Примера.
По победата во првото коло против Алавес од 4:1, Кралевите ја направија првата грешка во сезоната, ремизирајќи исто така на гости, кај Леванте кога беше 3:3, а во следното коло и Кралевите исто така ќе имаат да игра на гости.
Овој пат тие одат во Севиља на гости кај Бетис кој ремизираше во првите две кола.
На еден од тренинзите пред овој натпревар, Начо Фернандез заработи повреда на која Анчелоти нема да може да смета на овој дуел.
Дефанзивецот на Реал им се придружи на Крос, Модриќ, Себаљос и Менди, кои подолго време беа надвор од теренот, на списокот на повредени играчи.
Натпреварот Бетис – Реал Мадрид е закажан за в сабота во 22 часот.