Синоќа во 23:00 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.С.(59) од Велес.

Полицијата постапила по претходна пријава од 51-годишната К.Х. од Велес дека физички ја нападнал на нејзиното работно место, а подоцна во два наврати и во нејзиниот дом, каде што влегол со употреба на сила.

Ј.С. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат надлежните.