Фудбалерите на ВБА синоќа на домашен терен го совладаа Саутемптон со 3:0 во натпреварот од 31-то коло во Премиер лигата.
ВБА не се откажува од борбата за опстанок во друштво на најдобрите и синоќа играчите на овој тим дојдоа до многу важни три бода.
Сепак, овој натпревар не може да биде без скандал кога станува збор за употребата на ВАР технологијата.
Овој пат, ВАР го поништи чистиот гол на домашниот тим затоа што судиите гледаа во сосема погрешен играч во спорната ситуација.
Имено, голот го постигна Мбаје Дијагне кој беше во дозволена позиција, но цело време се гледаше позицијата на Кајл Бартли, кој беше во офсајд, но воопшто не учествуваше во акцијата.
После натпреварот се појави бизарно објаснување дека едноставно поради положбата на камерите, тие не можеле правилно да ја повлечат линијата и да видат каде всушност стои Дијагне и дали е во офсајд.