По аферата со неговиот син чие возило прво беше фатено пред фабрика за марихуана која правела криминал а потоа министерот Спасовски цели 12 молчеше кој го возел возилото кое било запрено и пуштено од полицијата, заменикот министер за внатрешни работи Назим Буши во нова незгодна ситуација.

Скандал изби во владата на Македонија, пренесува албанскиот весник Која Јоне кој цитира извештај на Телевизијата Ора, пренесува Expres.mk.

Според истражувањето на ТВ Ора сметката за престој во хотелот со 5 ѕвезди на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши за една ноќ во претседателскиот апартман на хотелот „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул изнесува 20.000 евра.

За тоа сведочи видеото направено од г. Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој има простор од 850 метри. На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот ги снима ентериерите на луксузниот апартман, објавува ТВ Ора.

,,Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки. Едноставно пребарување на Booking ни покажа дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20 илјади евра”, објавува телевизијата во видеото.

Телевизијата не објавува кој ги платил 20 илјади евра колку што чини апартманот, дали Буши бил на сметка на владата во хотелот или платил сам.

Ако платил сам тогаш ќе има проблем да објасни од каде толку пари за да плати огромна сума за само една вечер.

Ако воопшто не платил тогаш ќе треба да објасни зошто не ја платил прескапата соба односно што за возврат дал за да не плати.