Кинезите нема да ги завршат Игрите во Токио како најуспешна нација, имајќи предвид дека САД се пред нив по бројот на вкупни медали, но и по бројот на златни медали.
На последниот ден од Игрите, Кинезите доживеаја уште еден шок.
Кинеските ритмички гимнастичарки останаа без медал, иако беа едни од главните фаворити пред финалето.
Златото и припадна на Бугарија, среброто на Рускиот олимписки комитет, додека бронзата им припадна на Италијанците.
Кинезите го завршија натпреварувањето на четвртото место со 42.400 поени, што беше за 0.450 помалку од бронзената Италија.
Кон ова додаваме дека Бугарија дојде до златото со вкупно 44.550 поени, само 0,050 повеќе од конкурентите на Рускиот олимписки комитет.