Нова шокантна вест за љубителите на фудбалот ширум светот.
Легендарниот Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле (80), едвај се движи. Тој користи шетач, а бразилските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на фудбалската легенда е влошена.
Пеле го доби својот документарец, а љубителите на фудбалот беа шокирани кога го видоа Пеле во инвалидска количка, а потоа и како тој се движи со помош на шетач.
После тоа, неговиот син Едињо исто така потврди дека Пеле едвај се движи и дека мора да помине добар дел од своето време во инвалидска количка.
Едињо ги потврди и извештаите во медиумите за неговото влошено здравје, што влијае и на сонот на легендарниот Бразилец.
„Татко ми едвај се движи. Неговото здравје не е најдобро. Му недостасува сон, вистински одмор. Веруваме дека ќе слави и на овој натпревар“, изјави синот на легендарниот фудбалер.