Олимпискиот домаќин Токио потврди над 5.000 новозаразени со коронавирус поради брзото ширење на делта мутацијата, а експертите стравуваат дека здравствениот систем би можел наскоро да доживее колапс.
Новозаразените 5.042 лица претставуваате нов рекорд за јапонскиот главен град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може двојно да се зголеми во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно заболени.
– Делта варијантата е многу силен непријател, изјави гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.
Во Токио е воведена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Поради тоа, рестораните и баровите мора да бидат затворени порано и не смеат да служат алкохол. Организаторите на Олимписките игри регистрираа 31 новозаразени лица, а меѓу нив е и еден спортист.