Норвежанецот Ерлинг Халанд, постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите и покажа зошто ќе биде најпосакуваниот фудбалер во следниот летен преоден рок.

Халанд, кој да потсетиме има само 21 година, има постигнато 21 гол во 17 мечеви во елитното клупско натпреварување, со што е најмладиот кој стигнал до оваа цел.

За Борусија Дортмунд, тој вкупно има одиграно 66 меча во кои има постигнато 66 гола.

Борусија Дортмунд го совлада Бешикташ на гостински терен со 2:1, а Халанд беше стрелец на еден гол.