Ноа Лајлс е нов светски шампион на 200 метри, но стана и треетиот најбрз човек во светот на оваа делница, бидејќи за еден стоти дел од секундата беше подобар од својот славен сонародник.

Advertisements

Лајлс беше доминантен на финалната трка на 200 метри, а иако прво излезе време со кое го израмни националниот американски рекорд на Мајкл Џонсон од 1996-та година (19:32), потоа се промени времето на тајмерот.

Официјалното време на Лајлс беше 19:31, со што го урна светскиот национален рекорд поставен од славниот Мајкл Џонсон пред 26 години и стана најбрз Американец на 200 метри во историјата.

Корекцијата на времето му донесе голема радост, но го смести и на историскиот пиедестал на третото место, зад недопирливиот Јусеин Болт и Јохан Блејк.

Во женска конкуренција победи Шерика Џонсон, која пак истрча второ најдобро време во историјата на 200 метри, завршувајќи ја делницата за 21:45 секунди.

Прикажи повеќе