Во знак на револт за новите правила за работа на угостителите, музичарите денеска на пладне ќе одржат протест пред зградата на Владата. Не се согласуваат со протоколите, со кои се предвидува жива музика да има само на свадби, но не и во кафулиња и локали.
Бараат да се укине ваквата мерка, бидејќи како што велат се дискриминирани оние музичари кои не свират свадби, а освен музичарите, погодени се и диџеите.