Тренерот на Мајорка му порача на Трајковски дека за него нема место во тимот, па македонскиот репрезентативец требаше да си најде нов клуб.
Станува збор за позајмица до крајот на актуелнава сезона при што поголемиот дел од неговата плата ќе ја покрива Мајорка.
Трајковски од 2019 година е во Мајорка, но не е во плановите на актуелниот тренер, па ќе ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Екипата на Алборг по седум одиграни кола е на петтото место со 12 бода со учинок од 3 победи, 3 нерешени и еден пораз од Митјиланд.