Состојбата со коронавирусот во Англија е загрижувачка, новиот сој на ковид-19 пребрзо се шири, поради што англиската влада секојдсневно воведува нови мерки во борбата со пандемијата.

Во главниот град Лондон, според градоначалникот Садик Кан, секој триесетти жител е заразен со коронавирус кој не ја одбегна ниту Премиер лигата.
Последен клуб кој е покосен од коронавирусот е Астон Вила каде дури 10 фудбалери се позитивни на ковид-19 и вечерва тимот од Бирмингем во ФА купот против Ливепул ќе игра со младинскиот тим.

Поради оваа состојба, но и податокот дека повеќе од 60 натпревари во сите англиски професионални лиги се одложени поради коронавирус, менаџерот на Њукасл, Стив Брус, побара прекин на Премиер лигата сметајќи дека ќе биде „морална грешка“ да се продолжи со фудбалот.

Стив Брус/EPA-EFE/Rui Vieira

– Финансиски е исправно да се игра, но од морален аспект тоа е грешка. Сфаќам дека луѓето сакаат да гледааат фудбалски натпревари, но и ние сме ранлива категорија како и сите останати. Брзината со која вирусот го зафати нашиот клуб во рок од неколку часа е неверојатна. Тешко е да се запред, а луѓето се болни. Играме седум натпревари во јануари откако во декември исто така одигравме седум натпревари, а тоа е доказ дека сезоната е згусната и може да ни донесе дополнителни проблеми – изјави Брус.

Свој коментар имаше и менаџерот на Лидс, Марсело Биелса кој рече дека е тешко да се зборува за моралноста на играње на фудбал кога рапидно се зголемува бројот на заразени во Англија.
– Не се чувствувам способен да одговорен да одговорам на прашањето за моралноста на одлуката. Многу е тешко да се каже што е погрешно како што е тешко да се каже што е исправно. Од една страна добро е што фудбалот продолжува бидејќи им пружа забава на тие кое се погодени и тие кои не се. Но, од друга страна, што доколку некое дете на фудбалер се заболи од коронавирус бидејќи лигата продолжува да се игра. Поради тоа ваквите одлуки ги носат властите кои се одговорни во земјата – изјави Биелса.