Украина ги продолжува напорите да профункционира договорот за извоз на пченица од Одеса и другите пристаништа на Црното Море по вчерашниот ракетен напад. „Продолжуваме со техничките подготовки за отпочнување на извозот на земјоделски производи од нашите пристаништа“, напиша министерот за инфраструктура, Александар Кубраков.

Advertisements

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „варварство“ по ракетниот напад на пристаништето Одеса, доведувајќи го во прашање договорот за обновување на извозот на жито. Челниците на Одеса истакнаа дека Русија е терористичка земја и дека е невозможно да се почитуваат договорите.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко изјави дека доколку не се исполни договорот, Русија ќе сноси целосна одговорност за глобалната криза со храна. Украина е меѓу главните извозници на жито, но поради војната, околу 20 милиони тони жито се блокирани на нејзините пристаништа.

Ова доведе до недостиг на храна и пораст на цените низ светото. Според договорот од петокот меѓу Киев и Москва, Русија се согласи на прекин на огнот додека низ пристаништата транзитираат пратките со жито. Но, само неколку часа по потпишувањето на договорот, две ракети го погодија пристаништето во Одеса.

Прикажи повеќе