Милитантите од исламистичката група „Боко Харам“ упаднаа во селото Пами, ја запалија црквата, го киднапираа свештеникот и убија најмалку седум луѓе, објави денеска „Би-Би-Си“.

Според полицијата, терористите убиле најмалку седум лица, запалиле десет домови и украле лекови од болницата, како и резервите на храна, што властите планирале да ја поделат на жителите за Божик.

Според очевидците милитантите убиле најмалку 11 лица.

„Боко Харам“ со децении извршува напади во северниот дел на Нигерија. Според Обединетите нации, бунтовничката група досега убила најмалку 36.000 лица, а поради нејзините напади раселени се два милиона луѓе.