Може да се случи наскоро со радост да се потсетуваме (и ние и докторите) на времето кога тестовите за ковид-19 се правеа со забивање на тоа стапчето во нос, откако кинеските медиуми објавија дека имаат нов многу попрецизен метод на тестирање во кој брисот се зема – анално.
Кинески Глобал Тајмс, разговара со тамошни доктори кои се поборници за анално земање брис, бидејќи „коронавирусот подолго време преживува во анусот и во изметот отколку во примероците земени го горниот тракт на телото“.
Овој метод на тестирање веќе се применува за лицата што се во карантин во Пекинг и во дел од тамошните училишта.
Процедурата трае околу 10 секунди, а се уште не е независно потврдено дали методот е поефикасен од досегашното стандардно земање брис.
Целиот текст на офф.нет
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.