Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на вирус, соопшти денеска Министерството за здравство на Јапонија, наведувајќи дека ова е прв ваков случај, пренесе агенцијата Кјодо.

Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од соевите пронајдени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека претставува иста закана како и трите многу заразни соеви, додаде јапонската новинска агенција.

Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и дошол преку аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.

Тој бил позитивен на тестот кога бил под карантин на аеродромот.