Дрита Ислами, во Лимасол (Кипар) во рамки на Европското екипно првенство 3 лига го освои 1-то место на 400 м. со пречки и постави нов Македонски рекорд со резултат од 57.53 секунди.

Исто така резултатот на Дрита е веќе ажуриран и во ранг листата на Европската атлетска асоцијација и во дисциплината 400 м. со пречки се наоѓа на 107 место и е најдобро рангирана атлетичар-ка од Македонија.

Според оваа ранг листа само 3 атлетичарки од Балканот имаат подобро време од Дрита, Димитра од Грција (57.06), Агата од Словенија (57.38) и Санда од Романија (57.48).

Исто така со овој резултат Дрита ја исполни и нормата (57.95 секунди) за учество на Европско првенство кое следната година ќе се одржи во Минхен (Германија).