Еден од водечките холандски интернет портали „NOS Sport“ ги одбра најдобрите 11 во групната фаза на ЕП 2020. Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев го најде своето место меѓу најдобрите единаесетмина кои ја одбележаа групната фаза од Европското првенство.
За секој од играчите има посебен опис. Така за Пандев напишаа дека не е само човекот што ја однесе Македонија на ЕП, туку и одигра одлични три натпревари. Пандев го постигна првиот гол на ЕП за Македонија, се избори за пеналот против Украина, а имаше и одлични моменти против Холандија во последниот натпревар.
Een EK-elftal niet zo zeer op basis van alleen maar voetballende kwaliteiten, maar ook vanwege acties op en buiten het veld.
Lees hier meer ➡ https://t.co/CRpzx52f7v pic.twitter.com/lam1Ed8TfO
— NOS Sport (@NOSsport) June 25, 2021
Легендата на мак-фубалот го привлече објективот на камерите поради емоциите за време на изведувањето на химната кога пушти и солзи. Пред крајот доби огромен аплауз не само од холандските и македонските фудбалери на теренот, туку и од навивачите на двете репрезентации на арената „Јохан Кројф“.