Норвешката женска ракометна репрезентација ја победи Франција во денешното финале на Европското првенство (22:20) и стигна до осмата титула во својата историја.

Скандинавската селекција играше против актуелниот европски шампион во Хернинг, а по брзото водство на почетокот, дозволи Франција да се врати во игра кон средината на вториот дел.

Сепак, финишот им припадна на Норвежанките, кои предводени од Нора Морк, на крајот славеа со 22:20 и не дозволија Франција да ја одбрани титулата.

Морк, Скогранд и Кристијансен го завршија натпреварот со по 4 голови и биле најефикасни во победничката селекција, додека кај Франција се истакнала Фопа со 5 голови.

Норвешка последен пат беше европски шампион во 2016 година, па четири години подоцна се врати на европскиот врв.

Претходно, во борбата за третото место, Хрватска го изненади домаќинот Данска, совладувајќи го со 25:19.