Норвешката влада ќе олесни некои ограничувачки мерки бидејќи силните рестрикции поради коронавирусот, воведени пред две недели, се покажаа ефикасни, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг.
„Иако се чини дека мерките се ефикасни и дека заразата е помала, ситуацијата е сè уште неизвесна“, додала Солберг во парламентот, пренесува Ројтерс.
– Advertisement –
Со олеснување на мерките, на домаќинствата ќе им биде дозволено да примаат гости, но ќе има најмногу пет посетители.
Децата и тинејџерите можат да ги продолжат своите спортски активности, но кафулињата и рестораните сè уште имаат забрана да служат алкохол.