Ракометарките на Норвешка ја победија Франција со 24:22 (14:10) и станаа нови европски шампионки, преземајќи ја титулата токму од французинките.
Ова вкупно е осми пат женската ракометна репрезентација на Норвешка да биде европски шампион.
Норвежанките подобро го започнаа големото финале, одбраната функционираше одлично, а во нападот се постигнуваа лесни голови со што на почетокот ја презедоа контролата над резултатот, па така имаа предност и од пет гола (11:6,12:7,13:8), додека на одмор се замина со четири разлика за сега новите европски шампионки.
Во второто полувреме, французинките го кренаа нивото на игра и во финишот по голот на Зади поведоа и со 19:18. Тоа беше најава за неизвесен финиш и голема игра на нерви. Набрзо Нора Мерк погоди за водство на Норвешка од 21:20, а Исаксен Солберг донесе водство од 22:20 што беше најава дека ќе има нов европски шампион. Французинките не успеаја за 60 секунди да ја анулираат негативата од два гола и да дојдат до продолжението и на крајот абдицираа од европскиот трон.
Нора Мерк, Вероника Кристијансен и Стине Скогранд постигнаа по четири гола, а Стине Одендал и Камила Херем дадоа по три. Кај Франција најефикасни беа Паулета Фора со пет и Лаура Флипес, Каладиату Никате и Деуна Зади со по тро постигнати голови.