По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во Општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли учениците се веќе вратени на настава, извести вд градоначалникот Дејан Митески.
Наставата продолжи и во другите училишта низ Скопје каде што имаше дојава за експлозивни направи.