Откако беше затворен поради пожар кој предизвика густ чад и намалена видливост, повторно е отворен патниот правец Велес – Штип.

АМСМ објави дека патниот правец е затворен поради густ чад од градската депонија, а потоа дека се одвива само по една коловозна лента. Сега е отворен за сообраќај.