Принцот Хари за смртта на својот дедо, принцот Филип, како што откриваат американските медиуми, дознал доцна во ноќта…

TMZ“ пишува дека принцот Хари ги преспал телефонските повици од Лондон кои требале да му соопштат дека принцот Филип починал. Бидејќи никој не одговарал на повиците, полицијата се појавила во неговата вила и лично го известила.

Војводата од Единбург почина во дворецот Виндзор на 9 април, а британската амбасада тогаш очајнички се обидувала да дојде во контакт со Хари во неговата вила во Монтесито во Калифорнија. Но тогаш било 3:00 според локалното време, а тој и сопругата Меган наводно ги преспале сите повици.

Кога никој не одговарал на повиците, претставник од амбасадата го повикал шерифскиот оддел на Санта Барбара и прашал дали може некој да ја посети вилата вредна 11 милиони футни и да ја соопшти несреќната вест. Полицаецот разговарал со едно лице од персоналот на познатиот пар и му ја пренел несреќната вест, по што тој ги известил Хари и Меган за смртта на принцот Филип.

Британската палата не сакаше да ги коментира тврдењата, при што на медиумите им беше соопштено дека Хари бил приватно известен за смртта на својот дедо пред веста да излезе во јавноста.