Саботната вечер во Штип завршила насилно за 21-годишна девојка. Околу 22 часот, додека се движела низ градот, таа била пресретната од две жени. Едната, 28-годишна жителка на Кочани, со употреба на сила ја внела девојката во автомобилот што го управувала другата.

Ноќта продолжила во мрачна насока – одвезена во една од штипските населби, девојката била физички нападната. Додека траел нападот, осомничената не се задоволила само со насилството – таа ја снимала жртвата со својот мобилен телефон, информира полицијата.

Утрината по инцидентот, полицијата од Кочани ја привела 28-годишната кочанчанка. Случајот е документиран и расчистен, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава.

Текстот Ноќен хорор во Штип: Млада девојка насилно внесена во возило, нападната и снимана со телефон е превземен од МАКФАКС.