Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун. Навистина ова беше вистинска драма, која на крајот со среќен крај ја заврши Хамилтон, стигнувајќи до 99-та победа во кариерата.

Победата е уште послатка ако се знае дека Хамилтон беше казнет со 10 секунди по инцидентот на стартот со Марк Верстапен од Ред Бул. Освен Хамилтон, на подиумот се искачија Шарл Леклер од Ферари и Валтери Ботас од Мерцедес.