Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација, соопштија од Јавното обвинителство, по наводите на ДУИ дека еден јавен обвинител се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата.

Од Обвинителството наведуваат дека обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија.

Од таму додаваат дека не се повлекол обвинител ниту од Јавното обвинителство, ниту од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција чие одделение ги истражува полицајците осомничени за трагедијата во Кочани.