Брошевите што ги носи британската кралица не се само украсни светкави модни детали. Секој од нив има свое значење и преку нив таа ѝ испраќа пораки на јавноста.

Многу парчиња од овие скапоцени модни додатоци со генерaции се пренесуваат во семејството на кралицата, така што во себе имаат сентиментална вредност.

Прв пример е брошот во облик на корпа со цвеќе, кој кралицата Елизабета го добила во 1948 година како подарок од родителите за раѓањето на принцот Чарлс. Таа првпат го носела неколку недели подоцна, кога било првото јавно претставување и фотографирање на малиот Чарлс. Во 2013 година, повторно го носеше, овој пат на крштевката на правнукот принцот Џорџ. Истата година за божиќното обраќање до јавноста кралицата Елизабета се појави носејќи го тој брош, а зад неа беа врамените фотографии од крштевката на Џорџ и од татко ѝ кралот Џорџ Шести.

Фотографија од 1966 година/Profimedia

Како романтична благодарност кон својот сопруг, принцот Филип, кралицата за прослава на нивната 70-годишнина од бракот во ноември 2020 година го носеше брошот хризантема, изработен од сафир и дијаманти, кој првпат го имаше закачено на своето палто во 1947 година на нивниот меден месец. Истиот брош кралицата го покажа пред јавноста и за прославата на 60 годишницата од бракот во 2007 година.

Принцезата Елизабета со нејзината баба кралицара Мери, 21 април 1944 година/Profimedia

Кралицата носи брошеви и кога сака да им оддаде почест на луѓето што ги сакала, а повеќе не се меѓи живите. Таков пример е брошот со роза кој го носеше во 2000 година во чест на 100-от роденден на мајка ѝ. Брошот на кој има рачно насликана роза (од видот кој бил посаден и одгледуван во чест на крунисувањето на кралицата Елизабета), со 100 дијаманти, таа го покажа на божиќниот говор во 2002 година, само неколку месеци по смртта на мајка ѝ.

Кралицата Елизабета и принцот Филип, 1954 година/Profimedia

Уште еден брош кој има сентиментална вредност за кралицата и го носеше во чест на мајка си е Кортолд Томсон, брошот во облик на школка, кој ѝ бил омилен на кралицата мајка. Тој е во вид на школка и целосно е изработен од дијаманти, а во средината има еден голем бисер. Него кралицата Елизабета го носеше и во февруари 2009 година на откривањето на статуата од кралицата Мајка во еден трговски центар.

Кралицата Елизабета во Бремен, 26 мај 1978 година/Profimedia

Покрај тоа што ги носи брошевите од сентиментални причини, кралицата ги користи и како дипломатски гест при службените турнеи во странство. Oвој моден трик таа ѝ го пренесе и на Кејт Мидлтон, која од неа го позајми дијамантскиот брош во вид на јаворов лист, за нејзината прва турнеја низ државата во 2011, а потоа и во 2016 година.

5 јуни 1999 година/Profimedia