Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори, зборуваше за неговите планови да настапи на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
– Планирав да учествувам на ЛОИ 2020. Сепак, се повредив, па одложувањето на најголемиот светски настан ми оди во прилог. Следната година, мислам дека сепак ќе биде тешко за секого, но кога коронавирусот според прогнозите, ќе замре, сите ќе имаме цел да учествуваме на Олимпијада, изјави 30-годишниот Нишикори.
Четириесет и првиот светски рекет, кој не се натпреваруваше една година поради проблеми со лактот, се врати на турнејата во септември и одигра шест натпревари, од кои победи на два.