Вицепремиерката во оставка и лидер на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова во интервју за БНТ ги критикуваше постапките на претседателот Румен Радев. Нинова го обвини Радев за пристрасни напади врз Владата на Кирил Петков, бидејќи се стреми кон поголема моќ.
Таа коментира дека претседателската институција на Румен Радев му е тесна и дека сака вистинска власт.
Преодните влади од минатата година, преку кои тој владееше, му се допаднаа. Радев се надеваше дека со лансирањето на „Продолжуваме со промените“ на власт како лица на промените, ќе остане во позадина и преку своите луѓе кои учествувале во преодните влади на Бугарија ќе продолжи да ги влече конците и да владее со земјата – рече Нинова.
Таа го коментираше предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија дека БСП се воздржа од гласање во Националното собрание, бидејќи тоа не ги испочитувало целосно нивните т.н. црвени линии за Република Северна Македонија за спроведување на билатералниот договор.
-Преговорите ќе започнат откако Скопје ќе го промени Уставот и ќе ги вклучи локалните Бугари во него, а тоа е добар предлог – вели Нинова.
Според неа, бугарските интереси не се заштитени, бидејќи не е потпишан билатерален протокол.
-Темата „Македонија“ е грубо искористена за партиски цели од две партии – „Има таков народ“ и ГЕРБ – рече Нинова.