Бугарската вицепремиерка Корнелија Нинова ја бојкотира посетата на Скопје, поради средбата на Пендаровски со ОМО Илинден, објави БГНЕС.

Нинова која е министер за економија во владата на Кирил Петков, но и претседател на Социјалистичката партија во Бугарија, според медиумите во Софија, била испровоцирана од средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија од Бугарија и затоа одбила денеска да присуствува на првата средба на македонско- бугарската група за економија која се оддржа во Скопје.

Сепак официјално од кабинетот на Нинова – Калојан Методиев, кој е шеф на нејзиниот кабинет за ТВ 24 вели дека официјалниот став е дека според агендата, бугарскиот министер Лорер е во Скопје, а Нинова воопшто не била планирана и дека ќе се појави на втората средба на македонско – бугарската економска група.